Фирмите на граѓаните пропаѓаат, додека фирмата на братот на Љупчо Николовскки зголемува профит за 2.100 проценти, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата според Транспаренси, затоа што тие кои треба да се борат, се најкорумпирани. Љупчо Николовски, вицепремиерот за (анти)корупција да каже како е можно фирмата на неговиот брат за една година има пораст на приходите за неверојатни 2.100%? Да измислеше фирмата на братот на Николовски лек против корона или да произведуваше вакцини па немаше ваков вртоглав раст на приходите да оствари за кратко време? Како во многу други случаи и овде смрди на матни зделки и огромна веројатност за корупција и злоупотреба на службена должност, се вели во реакцијата.
Во Македонија, се додава во соопштението, фирми со децениска историја отпуштаат вработени, а фирмата ма владиниот функционер рапидно скока.
-Николовски е должен да излезе во јавноста и да даде одговори и да понесе одговорност. Власта е изворот на корупцијата во Македонија. Власта на Заев во европски рамки стана симбол за криминал. Љупчо Николовски е типичен преставник од таа власт на Заев по секој основ, а гледаме и по основниот заев модус операнди, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.