Зоран Заев од една страна зборува за европска агенда, од друга на дело покажува се само не постапки според европски вредности. Неговата агенда е секаква, само не е европска.

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Зошто? Затоа што Заев ја штити мафијата, а го угнетува и пљaчка народот. Скандалот „Мафија“ и третманот од страна на надлежните на истиот покажува дека во Македонија правда нема. Оваа власт предводена од Заев и СДСМ не знае што се европски вредности. Граѓаните гледаат дека правда според СДСМ е заштита на криминалци, мафијаши и оти за лица блиски до власта не важи законот. Правда за Заев е кога одговараат службеници со смешни казни, а за вистинските виновници како Оливер Спасовски не важи законот. Овој случај, како и сите кримнали на СДСМ ќе имаат разрешница според сите меѓународни норми!- се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.