Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден, системот функционира беспрекорно и без потешкотии, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.

Го пренесуваме целото партиско соопштение за вакцинацијата:

Масовната имунизација освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп.

Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, односно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација се спроведува одлично.

Само преку масовна вакцинација ќе изградиме колективен имунитет со кој ќе успееме да го победиме коронавирусот и ќе се вратиме на старите навики во нашите животи. Одговорноста да ставиме крај на коронавирусот е кај секој од нас.

Граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, сите вакцини се безбедни, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставање крај на пандемијата на коронавирусот.

Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје.

Центар за односи со јавноста на СДСМ