На автопатот Скопје – Велес вчера биле изречени 44 санкции за брзо возење, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.