Деновиве се водат битки на граѓаните против антиковид-мерките во повеќе европски држави, како и во Австралија и во други земји од светот, се бележат нови рекорди на бројот на заразени и починати, а во Шведска која на почетокот од пандемијата беше земена „на заб“ поради лабавите мерки бројот на починати падна на нула.
Оваа скандинавска земја беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавите антиковид-мерки на почетокот од пандемијата.
Британски „Гардијан“ го окарактеризира шведскиот пристап како „катастрофа во најавата“, а „Си -Би -Ес њуз“ објави дека „Шведска е пример како да не се реши кризата со коронавирусот“.
И покрај сите напади и критики, Шведска се уште уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирусот, земјата е полна со туристи, сите активности се завршени, луѓето одат на училиште и сето тоа без речиси никакви ограничувања.
Исто така, шведските службеници не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки, туку и не ги препорачуваат.
Но, и покрај тоа најновите податоци, како што објави порталот fee.org , покажаа дека во последните седум дена оти бројот на смртни случаи од Ковид-19 е нула.
Значи, се заклучува во текстот на порталот fee.org, пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофата во најава“ се неосновани. Сега, една година подоцна, се покажа дека шведскиот пристап беше исправен.
Ова го докажуваат месечните бројки, и бројот на пациенти и економските. Денес, Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга европска земја, пиѓува порталот.