Најмалку 1 полицаец е повреден а 11 протестирачи се уапсени вчеравечер во Минхен на протест организиран против антиковид рестрикциите во Германија. Полицијата го карактеризираше протестот како насилен бидејќи голем дел од толпата се однесувала агресивно кон полицајците, јавува Дојче Веле.
Протестот бил откажан од организаторите непосредно пред собирањето, па граѓаните почнале да се самоорганизираат преку групни пораки на Интернет. Поголема група на граѓани тргнале кон центарот на Минхен а биле придружувани од полициски сили кои не дозволувале протестот да стигне до нивната планирана дестинација.
Според полициските извештаи атмосферата била непријателска и поради тоа полицијата морало да употреби спреј-солзавец и пендреци. Нападнат бил и еден новинар, а напаѓачот бил уапсен.
Изминатите денови насилни протести се случија во уште неколку германски градови, а вчеравечер во Минхен присуствуваа околу 5 илјади демонстранти.
Германските власти најавија ограничување на домашните, но и на јавните собири на максимум 10 души. Овие рестрикции ќе важат и за лицата кои се вакцинирани или пак го имаат прележано коронавирусот. За лицата помлади од 14 години овие рестрикции не важат. За невакцинираните лица ограничувањето е уште построго. Невакциниран Германец ќе смее да биде заедно со уште најмногу 2 лица од друго домаќинство.