На Скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Спутник В“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

Како што е веќе објавувано, премиерот Зоран Заев, но и министерот Филипче, во повеќе наврати досега изјавуваа дека на граѓаните на Македонија „како прозапдана“ им лични да се вакцинираат со „потврдени вакцини кои се користат во западните земји“. А подоцна Заев и Филипче почнаа да објавуваат најави и за руски и кинески вакцини.