Македонската пејачка Антонија Гиговска синоќа направи вистински спектакл со изведба на хитот на Ријана „Where have you been”.

Членовите на жирито, воодушевени од Гиговска, од старт ги кренаа сите пет столици.

„Најмногу благодарам на чудото од Македонија, кое наскоро ќе почне да освојува на Балканот. Овој квалитет и ова божествено суштество го заслужуваат тоа“, рече Милан Станковиќ.