Еден од најдобрите холивудски актери Кијану Ривс, стана заштитно лице за брендот на Ив Сен Лорен и покажа дека новата улога одлично му стои.

На црно-бели фотографии, 54-годишниот актер, со сериозен израз на лицето во костум, изгледа мистериозно и замислено, додека во друг кадар носи очила за сонце.

Освен во елегантниот костум, Ривс се појави и во полежерно издание, кожна јакна, фармерки и кошули со туфни. Ова е реклама за новата кампања за есен / зима, 2019/2020.

Многу фанови се воодушевени, а најчестите коментари се дека моделот е конечно во склад со брендот – маженствен и згоден.