Италијанскиот стратег Антонио Конте денеска се очекува официјално да биде назначен за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем на местото на Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој вчера доби отказ поради слаби резултати.

Конте и Тотенхем, како што јавуваат италијанските медиуми, ќе потпишат договор за соработка до 2023 година.

Според истите извори, двете страни постигнале вербален договор и Конте се враќа во Премиер лигата каде од 2016 до 2018 седеше на клупата на Челзи.

Конте (52) со клубот од „Стемфорд бриџ“ ја освои шампионската титула (2026/17) и трофејот во ФА купот следната сезона.