НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи, од американско производство, Патриот во Литванија во 2024 година, најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас.
– Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно, истакна Анусаускас.
Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија.
НАТО изминатите години распоредија дополнителни сили во Источна Европа и во балтичките земји поради руската инвазија врз Украина. САД и европските сојузници минатата година и доставија на Украина неколку батерии Патриот, со цел да го поддржат Киев во неговата борба со Русија.
фото: МИА архива