Новата варијатна на коронавирусот, првпат детектирана во Велика Британија, можно е да е присутна во канализацијата на Виена, соопшти австриската новинска агенција АПА.

Агенцијата посочува дека еден прелиминарен тест покажал можност за присуство на новата варијанта во канализацијата на главниот град, но дека допрво претстои проверка со генетско секвенцирање.

Во Виена, отпадните води се анализираат во рамки на заедничкиот проект на Техничкиот универзитет, Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС) и Градска хигиена.