Поранешниот портпарол на словенечката Влада Јелко Кацин ќе биде на функцијата државен секретар во кабинетот на премиерот Јанез Јанша, задолжен за координирање на логистичкиот дел од масовната вакцинација, соопшти денеска словенечката Влада.

На таа позиција, Кацин ќе биде одговорен за размена на информации и податоци за вакцинацијата, пренесува Телевизија Словенија.

Тој стана владин портпарол во март минатата година, кога Јанез Јанша ја презеде премиерската функцијата. Кацин ќе стапи на должност в понеделник, а Маја Братуша привремено ќе го замени на функцијата владин портпарол.

Кацин беше министер за информации во Словенија во 90-те години на минатиот век, а едно време работеше и како специјален пратеник на ЕУ за Балканот.