Димитар Апасиев ја искоментира денешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби дека ДУИ и власта разговараат со сите пратеници од Собранието за формирање на ново парламентарно мнозинство, освен со оние од „Левица“, како најдобра реклама за партијата која ја води.

„Поубава политичка РЕКЛАМА за Левица одамна сме немале во етерот. Фала Нежни!“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска пред медиумите рече дека „сите пратеници кои биле доведени во заблуда од своите партиски лидери“ ќе се приклучат во новото парламентарно мнозинство во наредниот период.
Регистрирани нови 285 случаи на Ковид-19, починати осум лица
Бугарите излегуваат на парламентарни и претседателиски избори

– Не се само контактите со Алтернатива, разговараме со Беса, Алијанса, ВМРО-ДПМНЕ, само со Левица немаме и нема да имаме, рече Груби денеска пред медиумите, запрашан за тоа дали само со „Алтернатива“ се водат преговори за обезбедување на мнозинство од барем 61 пратеник.