Штедете вие струја, за Арачиново да троши пет пати повеќе за копање криптовалути, се вели во реакцијата од претседателот на опозициската партија Левица по соопштувањето на резултатите од штедењето, според кои Општина Арачиново не само што не заштедиле, туку речиси за пет пати ја зголемиле потрошувачката на електрична енергија.
– Ах, тој прекрасен ес-де-ес-овски соживот, додава Апасиев во реакцијата на неговиот профил на Фејсбук.
Информациите за тоа кој колку потрошил или заштедил денеска ги соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши. Покрај Арачиново, повеќе струја трошеле и општините Студеничани и Лозово. Општина Арачиново во октомври годинава, споредено со октомври лани потрошила за 474 отсто повеќе електрична енергија.