Пратеникот во Собранието на Република Македонија и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, ноќва во наплив на поетска инспирација на Фејсбук понуди песничка од два стиха:

– Влада без Рада, како вештерка без клада, објави Апасиев, додавајќи хаштаг песничка за НАТО.

Нејасно е од што се инспирирал Апасиев за оваа песничка или стихуван афоризам.

А кога сме кај Владата, денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека била разочарана и немало да биде член на идната владина гарнитура.