Лидерите на големите француски енергетски компании ги повикаа граѓаните и бизнисите веднаш да ја ограничат потрошувачката на енергија за да може да се подготват за енергетската криза.
– Треба да работиме заедно за да ги намалиме нашите трошоци за да обезбедиме простор за маневрирање, велат извршните директори на Енџи, ЕДФ и Тотал.
Во писмото, потпишано од Кетрин Мек Грегор од Енџи, Жан-Бернард Леви од ЕДФ и Патрик Пујан од Тотал Енерџис, повикот за заштеди се објаснува со остриот пад на испораките на руски гас и ограниченото производство на електрична енергија поради проблеми со одржувањето.
Франција има намера да ги надополни капацитетите за складирање гас до почетокот на есента, објави минатиот четврток премиерката Елизабет Борн.
Складиштата за гас во моментов се полни 59 отсто.