Седумдесет поранешни американски воени претставници испратија писмо до претседателот Доналд Трамп на аналитичкиот портал “War on rocks”, во кое тие го повикуваат да не дозволи тензии со Иран.
Тие истакнуваат дека Трамп има овластување да го намали нивото на тензии на Блискиот Исток. Воениот конфликт со Иран скапо ќе ги чини САД, нагласуваат тие.
Во писмото се вели дека Трамп треба да покаже „државна зрелост и мудрост” со цел да спречи ескалација што би можела да има лош ефект врз позицијата на земјата.