Аника Јовевска има само три години и потреба од наша помош. Таа е невербална, има аутизам и епилепсија.

По многу прегледи од специјалисти, се установи дека е идеален кандидат за трансплантација на матични клетки, која мора да се изврши во Турција бидејќи кај нас нема таква опција за лекување.

Семејството се надева дека на тој начин ќе се подобри целокупната состојба и родителите конечно од неа ќе ги слушнат зборовите мама и тато.

На 10-ти мај беше објавен АПЕЛ ЗА ПОМОШ и македонскиот народ, по којзнае кој пат, докажа дека е хуман.

КУРИР стапи во контакт со семејството на Аника и од нив дознаваме дека се потребни уште 4.000 евра до конечната сума потребна за лекување.

-Ви благодариме за огромниот одзив! Нашите срца се преполни со благодарност, секогаш ќе ве имаме во молитви. Добрата вест е дека ни недостигаат само уште 4.000 € за да може е да ја однесеме Аника на трансплантација на матични клетки! Тоа е чудо луѓе, чудо!  Ве замолуваме за еден последен “замав” да ги собереме средствата, и да сме сигурни дека ќе ѝ дадеме шанса на Аника сите заедно, велат нејзините родители.

ЕВЕ КАКО ДА ДОНИРАТЕ: