Скопскиот Апелациски суд го објави решението за пуштањето од притворот во Шутка на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во домашен притвор.

– Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата, пишува во решението.

Јанева е мајка на возрасен син и ќерка која е омажена.

Нејзе и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

Јанева има искуства со телефоните уште пред притворот кога еден телефон и беше изгубен, па најден, па на крај испадна дека не бил изгубен туку даден кај некоја блиска личност.

Според решението на Апелација куќниот притвор ќе го надгледува МВР:

– Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, се вели во решението за пуштањето од притворот во Шутка.