Притворената бивша специјална обвинителка, Катица Јанева, си оди од Шутка во домашен притвор.
Таква одлука донел Апелациониот суд, кој го прифатил барањето на Јанева да си оди во домашен притвор.
Таа во истражниот затвор во Шутка е од 21 август годинава, кога беше уапсена како второосомничена во криминалната афера „Рекет“.
Јанева неколкупати беше хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност, по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.
Апелациониот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на бившата шефица на СЈО. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.
Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, очекува таа попладнево да излезе од истражниот затвор.
Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.