Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.
Станува збор за блиндираниот „мерцедес“ кој го користи Владата на Република Македонија, во кој се вози премиерот Зоран Заев, високи гости кои доаѓаат во посета на Република Македонија, како Тереза Меј, Ангела Меркел, Јенс Столтенберг и други.
При преземанњето на власта од СДСМ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, организираше фото-сесија за новинарите и репортерите за да „потврди“ дека блиндираниот „мерцедес“ е во лоша состојба и „гребан од мачки“.
Веднаш потоа возилото беше користено за потребите на Владата, иако во пропагандната кампања беше најавувано дека „скапиот мерцедес“ ќе биде продаден, а парите ќе се користат за набавка на амбулантни возила за брза помош и за „лекување на Тамари“.
Според денешното соопштение, судот делумно ја прифатил жалбата на обвинетиот поранешен помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
Кривичниот суд Скопје на 23 мај година за набавката на „мерцедесот“ го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.
Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.