АПЕТИТОТ НА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ: Маричиќ ветува брз влез во ЕУ и троши по една просечна плата за бифтеци и ракии на државна сметка

/ 06.07.2022

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, ветува дека „нашава земја“ ќе влезе како полноправна членка во ЕУ до крајот на деценијава, и месечно троши државни пари по ресторани во износ од една просечна месечна плата.

„Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда. Само од податоците кои „А1он“ ги доби може да се заклучи дека за една година, од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гоштавање.

Сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што се направени во евра.

За дел од трансакциите има извештаи кои се доставени до „А1он“, за други нема. Се јадело во владиниот ресторан, познати скопски места како „Два елена“, „Јавор“, рибниот ресторан „Сидро“, „Маракана“, „Фор“, а најголемата сметка ја направил во пицеријата „Ера“, каде што платил 17.440 денари. За неа, „А1он“ не доби извештај колку и кои лица јаделе, што се нарачувало и зошто трошокот го плаќало министерството.

На државна сметка Маричиќ, некогаш и со гости, според сметките јадел бифтеци, свеж лосос, свежа риба орада, медалјони од бифтек, пилешки и телешки печења, калифорниска пастрмка, јунешки мускул во крем сос, шницли, гулаш. Според сметките што ги доби „А1он“, потпишани од Маричиќ, се гледа дека се пиелe и квалитетни вина, жестоки пијалаци, како ракија, уза, мастики, води, сокови.\n„А1он“ не ги доби деталните сметки на кои се гледаат видовите јадења платени со службената картичка што ја користел Маричиќ како министер за правда. Трансакции од неа има секој месец. Според изводите од банка, со неа плаќал во кафеани и по трипати во месецот. Седел во „Хилтон“, „Александар Палас“, „Џино“. Најмногу плаќања има во ресторанот „Два елена“, дури девет. Таму се платени 71.810 денари или над 1.160 евра за една година само од државната картичка на Маричиќ. Сметките достигнуваат и до 13.140 денари, но не може да се види што се јадело и пиело.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Според Маричиќ, целта на „нашата земја“ е да се осигураме дека со европскиот предлог нема да имаме натамошни бескрајни блокади.

-Ако добро ги водиме преговорите можеме во наредните неколку години, до крајот на оваа декада да завршиме како членка на ЕУ, изјави денеска Маричиќ.


Од истата категорија