Видеото од расправата во Советот на Општина Куманово, што го објавивме, во кое претседателката на Советот Атина Мургашанска инсистира советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги отстранат налепниците со Сонцето од Кутлеш, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Ги има премногу, но еден од наинтересните упатен до претседателката Атина Мургашанска е:

– Смее ли она Атина да се вика, па тоа е грчко име! Одма да си го смени!- коментираат на социјалните мрежи.