Заскитан куршум му нанел повреда на маж од скопско Арачиново.

Дваесет и едногодишниот В.С. од селото Арачиново пријавил дека околу 21 часот и 30 минути во дворот од заскитан проектил од огнено оружје му била нанесена телесна повреда на 47-годишниот З.С.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.