Четири лица нападнати во четири одделни случаи на фреквентни места во Скопје.

Во 01,45 часот во Полициската станица Кисела Вода, 29-годишниот И.Ѓ. од Скопје пријавил дека на улицата “Христо Татарчев“ бил физички нападнат од Т.М. и Н.М.

Претходно, во 19,40 часот во Полициското одделение Сарај, 23-годишниот Г.Ј. од селото Семениште-скопско пријавил декаво близина на угостителски објект бил физички нападнат од 56-годишниот М.А. од истото село.

Истито ден во 18,00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот Љ.Р. од Скопје пријавил дека на булеварот “Видое Смилевски Бато“ бил физички нападнат од М.М. и И.М. кои му одзеле и предмети.

Било пријавено и дека во 10,00 часот во СВР Скопје, 56-годишниот А.П. од Трубарево-скопско бил ограбен во Идризово.

Се работи на случаите.