Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Посетата ќе биде остварена по неуспешниот самит со САД во Исламабад.

„Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изутринава пристигна во Санкт Петербург, Русија, за да се сретне и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин“, објавија иранските државни медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата го откажа планираното патување во Исламабад на неговите пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.