Ако на престојниот попис излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш немад да ги признаам резултатите, изјави пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми, во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Адеми, кој беше поранешен министер за образование и наука, изнесе податоци за бројот на запишани ученици пред четири години.
– Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас? Бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто, рече Адеми.
И пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Халил Снопче, тврди дека Албанците во Македонија се над 29 отсто.
– Доколку ги земеме податоците од 2002 година ние можеме да имаме сомнежи, некому можеби нема да му одговара, некој можеби ќе каже дека сме 35-40 отсто, но ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека не се помалку од 29 отсто, туку над 29 отсто, рече Снопче.