Кралицата на соулот моментално е во Детроит, каде што е опкружена од своето семејство, кое ги моли обожавателите на музичката дива да се молат за неа.
Новинарот на Ен-Би-Си, Хари Храјрон на Твитер, напиша: „Разговарав со близок пријател на Арета Френклин и нејзиното семејство. Пејачката не е добра”.
Последниот настап и беше во ноември минатата година во органиозација на фондацијата Елтон Џон за борба против СИДА-та. Претходно таа година, таа најави дека ќе биде последната година во која ќе настапува. „Јас ќе снимам, но веќе нема да одржувам концерти”, рече таа во една радио емисија.
Арета со години се бори со прекумерната тежина и алкохолизмот, а долго време беше и страствен пушач. Едно време се прошири дека боледува од рак, но таа тоа го негираше.