Безбедносните камери го уловиле моментот кога гола жена излегла гола од џип, влегла во продавницата на бензинската станица, си купила пиво и мирно си заминала, објавува британски Сан.

Чудните сцени биле објавени на социјалните мрежи, а настанот се случил во рускот град Краснодар.

Девојката, сосема гола излегла од џипот со кој управувал нејзиниот пријател. Тој ја следел и снимал со мобилен телефон.

Таа дошла до тезгата, носејќи во раката пиво, платила и си заминала.

Посебен куриозитет е продавачот кој изгледал мирно како тоа да е нешто што се случува секој ден.