Прогнозите за претстојното враќање на Лионел Меси во аргентинскиот национален тим се покажаа вистинити, откако денес неговото име беше вклучено во списокот за контролните дуели со Венецуела и Мароко.
Асот на Барселона нема натпревар за Јужноамериканците од Светското првенство во Русија минатото лето. Меси не отповика за есенските проверки, но тој не се ни повлече целосно од репрезентацијата. Но, сега планира да ги започне подготовките за претстојната Копа Америка (14 јуни – 7 јули).
Селекторот Лионел Скалони очекувано ги изостави од листата Мауро Икарди (Интер) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).