Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Бразилија ја победи Колумбија во второто полуфинале од Купот на Америка. Победникот беше решен по изведувањето пенали, откако основните 90 минути завршија без победник 1:1.
Најпрво резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 7. минута по асистенција од Лионел Меси, изедначи Луис Дијаз по еден час игра.
Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три гола, Колумбијците – два.
Аргентина во финалето на 11 јули ќе се соочи со домаќинот на турнирот Бразил, додека ден претходно, Колумбија за третото место ќе игра со Перу.