Првото полуфинале на ЕУРО на Вембли го одиграа репрезентациите на Италија и Шпанија. По 90 минути беше 1:1, во продолженијата мрежите мируваа, додека Италијанците победија по подоброто изведување на пенали.

Во регуларниот дел беше 1:1. Киеза во 60. минута донесе водство за Италија со убав гол. Но, по прекрасната акција Мотрата израмни и донесе продолженија.

Двете селекции направија неколку измени со што се наруши концепцијата, а профитираа Шпанците. Во продолженијата остана истиот резултат што се премина на изведување на пенали. А, таму Шпанија промаши два пенали, а Италија само еден и отиде во финалето.