Архимандрит Дамаскин
Одејќи на работа наутро, честопати во градовите има голема гужва, па и тука кај нас во помалите градови, сигурно ни треба за да стасаме со автомобилот до работа околу 15-20 минути, половина час, па и четириесетина минути во големите градови, во Скопје, а за тие четириесет минути, вие возејќи со автомобилот, наместо да се нервирате од другите учесници во сообраќајот, наместо уште од рано утро да ја загадувате устата и умот и срцето со пцости, со клетви, со колнење и со нервози, можете да го кажете целото Богородично правило. Сто и педесет пати „Богородице дево“, со кондаците и тропарите, односно богооткриеното правило кое Мајката Божја му го кажала на свети Серафим Саровски, можете да го кажете за 45 минути.
Зошто кога возите, наместо да се нервирате и да го трошите времето залудно, прибирајќи уште наутро во срцето немир и тоа продолжувајќи го на работа меѓу колегите и после во семејството, не се потрудите да кажете барем дел од тоа Богородично правило. Или одејќи на работа пешки, земете ја бројаницата во рака и потрудете се да ја кажувате Исусовата молитва или „Богородице дево“ и верувајте дека целиот ден ќе ви биде исполнет со Бога и со богомислие.
(Повеќе за чудотворната молитва и молитвенатао правило, на овој линк од Денешен)