Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари.

Денеска е Св. три Ерарси.

Празников е установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес Црквата се сеќава живееја во четвртиот век. Со тек на времето, нивната светост почна да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станаа предмет на меѓусебни разделби. Христијаните се делеа, мерејќи кој од нив е посвет од другите.

За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Лудано.

По потекло бил Шкотланѓанец и имал богато семејство. Како добар христијанин сакал да отиде на Свети Исусовиот гроб во Ерусалим. На патот кон Ерусалим, тој умрел. Неговиот гроб кој се наоѓа во бискупијата во Стразбур, станал свето место. Многумина потикнати од животот на овој светец, почнале да живеат христијански.