Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 април.

Денеска е Св. свештеномаченик Артемон.

Свети Артемон пострадал за време на прогоните од страна на императорот Диоклецијан. Живеел во Лаодикија, а оттаму под стража бил одведен во Палестинска Кесарија, како христијанин и свештеник.

Но, во Кесарија се ослободил од затворот на чудесен начин и се повлекол во некое осамено место во Мала Азија, не прекинувајќи го својот добродетелен живот, ниту проповедта на животоносниот збор.

Заради привлекувањето на многу пагани кон верата во Христос тој бил повторно затворен и погубен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Марија на добриот совет.

Ако Марија во надприродниот ред е нашата духовна мајка, тогаш нема ништо поприродно ако побараме совет за нашите потреби. На својот животен пат, почнувајќи од апостолите во црквата, треба да и се помолиме и на Мајката Божја – Мајката на добриот совет. Тоа можеме да го направиме во секоја нејзина црква, пред секоја нејзина слика, во секој час.

Никогаш нема да биде залуден обидот, ако на Мајката Божја и се обратиме за совет.