Припадниците на АРМ утрово заминаа за Словенија каде треба да помогнат во санирање на последиците од невремето што ја зафати оваа држава.

Согласно одлуката на Владата, во Словенија се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на штетите што ги предизвика невремето. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата ќе останат во Словенија триесет дена каде ќе се вклучат во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето.

-РС Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, наведе Владата во соопштението што беше објавено по владината седница.