Руски воен хелукоптер утрово го нарушил воздушниот простор на Полска.
Полската армија соопшти дека рускиот хеликоптер Ми-8 навлегол 300 метри во полскиот воздушен простор од руската енклава Калининград и се задржал 42 секунди.
Летот на хеликоптерот беше следен од радарски системи на полските вооружени сили. Авиони ловци полетаа, а копнените сили и средства беа во состојба на готовност. Природата на инцидентот укажува дека Русија повторно ја проверува подготвеноста на нашата воздушна одбрана, се наведува во соопштението на полската армија.
фото: архива




