Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери е подготвен да се раздели со плејмејкерот Месут Озил во текот на летото.

30-годишниот Германец има договор со „топџиите“ до 2021 година и е подготвен да го исполни, иако не играше редовно во минатата сезона. Сепак, тој запиша 34 настапи за тимот, а на крајот на кампањата успеа да ја врати довербата на тренерот и местото во стартните 11, а за тоа помогна и повредата на Арон Ремзи.

Сепак Емери е решен сериозно да го „прекрои“ составот во текот на летото по разочарувачкото претставување во Премиер лигата и тешкиот пораз од Челзи во финалето во Лига Европа. Озил е еден од фудбалерите кои не влегуваат во плановите на тренерот и тој е подготвен да му побара нов тим.

Во меѓувреме, Германецот е многу разочаран од одлуката на тренерот да го замени непосредно пред крајот на финалето против Челзи. Тогаш на негово место влезе Џо Вилок, кој остави добар впечаток со неговата изведба. Сепак, Озил го прифатил ова како навреда и потценување на неговите квалитети.