Граѓани се спротивставуваат на денешното вадење на знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

Оваа наредба доаѓа директно од градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска која дала налог овој знак да се отстрани затоа што бил на земјиште за кое е надлежен Град Скопје.

Тој беше симбол на општината во последните неколку месеци и вистинска атракција за многумина кои се фотографираа, но денеска истиот знак беше исечен и отстранет со брусалици.

Граѓани реагираат на уривањето на локалниот заштитен знак кој долги години стои во оваа општина а кој сега се урива по налог на градоначалничката Данела Арсовска, тврдат жители на Кисела Вода.