И покрај целиот фалсификат и масовен поткуп на СДСМ и Зоран Заев, со сите притисоци, закани и злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, а СДСМ само во дваесетина.
Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ останува најсилната политичка партија во Република Македонија а народот испрати јасна порака дека никој не смее да ја погазува неговата волја и се определи за обнова на Македонија, а против криминалот на Зоран Заев и СДСМ.
Оние кои криминално владеа тоа го продолжија и за време на изборната кампања, но и за време на самиот изборен ден во средата.
Ваквиот фалсификат и поткуп на гласови направен од СДСМ и Зоран Заев е последица на нервозата и сознанието дека народот не ги поддржува повеќе и ја немаат поддршката на народот. Народот не ги сака затоа што не испорачаа резултати, а донесоа криминал, корупција и неправди.
Сето ова фрла темна дамка врз изборите кои се оддржаа во средата а Државната Изборна Комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификувањ на изборите, односно волјата на граѓаните.
Дополнително во јавноста предизвика забуна што на официјалниот веб сајт на ДИК стоеја податоци кои не кореспондираа со записниците направени од избирачките одбори, но и во однос на нашата евиденција која што ја имаме.
Исто така имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30 илјади кои се несвојствени за избори со ваква излезност, а воедно ќе напоменам дека функционери и експоненти блиски до СДСМ јавно водеа кампања да се прешкртуваат ливчиња и лажно тоа го преставуваа дека е повик на ВМРО-ДПМНЕ.
Голем дел од тие ливчиња се гласови за ВМРО-ДПМНЕ кои сега се сметаат за неважечки. Што значи се поништува нивната волја.
Затоа ние ќе побараме како политичка партија рачно пребројување на гласачките ливчиња.
Потребно е во овие моменти да се заштити волјата на граѓаните.
Да се штити демократијата во Република Македонија. Институциите им го должат ова на граѓаните и затоа мора да го реализираат.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува најголем партнер на граѓаните кој ќе ја штити нивната волја и права.