Осумте починати од Ковид 19 во Македонија објавени вчера ја однесоа Македонија на насловните страници на медиумите и во Бугарија. „24 часа“ пренесува дека вчера „Северна Македонија“ била „прва по Европа по смртност од Ковид 19“. Според „24 часа“ по апсолутни бројки за смртност од Ковид 19, Македонија е на 11 место во Европа, што исто така е трагично ако се земат в предвид сосојбите на Балканот, но осумте мртви од вчерашниот ден на два милиони жители, се многу повеќе од смртноста во останатите европски држави.

Според бугарскиот медиум, вчера Србија имала 13 смртни случаи (8,5 милиони жители), БиХ – 5 смртни случаи Бугарија – 4, а Грција ниту еден смртен случај