Оваа анализа на Денешен.мк го опфаќа бројот на тестирани за Ковид 19 и процентот и бројот на позитивни во однос на бројот на тестирани. Ако за бројот на починати веќе одамна апсолвиравме дека Македонија воопшто не стои добро кога се во прашање околните земји, но и Европа и светот и е во топ листата од 20-тина земји, веднаш зад државите од западна Европа, уште пошокантни се податоците кои откриваат дека во Европа, само Албанија и Шведска имаат повеќе позитивни случаи од вкупниот број на тестирани. Албанија има 13 отсто позитивни од тестираните, Шведска има 11,5 отсто а веднаш зад овие две држави е Македонија со близу 11 отсто позитивни случаи од вкупниот број на тестирани. Сите други држави во Европа имаат под 10 отсто позитивни, вклучувајќи ги и САД.

Ова воопшто не се наивни податоци бидејќи тие покажуваат колку државата го контролира ширењето за вирусот. Забележливо е дека дури и САД, каде во многу држави владее филозофијата за тотална отвореност, имаат помал број позитивни од тестираните, а тука сме некаде со Шведска која се определи за отворен модел. Полошо од нас стои само Албанија, иако пак таа има драстично помал број тестирани. Ако се има предвид дека проценките се дека 80 отсто од заразените остануваат без симптоми, 15 отсто развиваат клиничка слика, а само 5 отсто имаат тешки, па дури и смртни последици, тогаш, воопшто не е сеедно дали имате 10, пет или еден отсто позитивни од тестираните.

Тоа што посебно загрижува е фактот дека кај нас, процентот од над 10 отсто позитивни цврсто се држи независно од тоа дали имаме 1000 или 2000 тестирани во текот на денот, наспроти низа земји каде очогледно, ако го зголемите бројот на тестови, процентото на позитивни ќе опадне.

Посветете внимание на трите балтички земји, пред на Литванија и Латвија кои имаат под 1 отсто позитивни, но и неколкукратно повеќе тестирани од Македонија. Тука се и Кипар и Малта, забележлив е случајот на Словачка со околу 2 отсто позитивни, но и сите источноевропски и централно европски земји. И сите стие, маат драстино помал број на смртни случаи и драстино помал број на позитивни ан милин жители, што пак не е врзано з абројот на тестови. Кога ќе ги вкрстите сите тие податоци, ние остануваме „шампионски“ и „блескаво супременски“ ориентирани кон црните и негативни последици.

Оваа анализа на Денешен.мк опфаќа 42 европски земји плус САД

САД – 45 700 000 тестирани од 330 милиони жители – 3,7 милиони позитивни или 8 отсто од тестираните

Русија – 24 364 000 тестирани од 145 милиони жители – 760 000 позитвни или 3,5 отсто од тестираните

Шпанија – 6 026 000 тестирани од 45 милиони жители – 306 000 позтивни или 5 отсто од тестираните

В. Британија – 12 669 000 тестирани од 68 милиони жители – 292 522 позитивни или 2,5 отсто од тестираните

Италија – 6 103 000 тестирани од 60 милиони жители – 243 700 позитивни или 4 отсто од тестираните

Турција – 4 150 000 тестирани од 84 милиони жители – 216 893 позитивни или 5 отсто од тестираните

Германија – 6 884 000 тестирани од 83 милиони жители – 201 931 позитивни или 3,5 отсто од тестираните

Франција – 2 602 000 тестирани од 65 милиони жители – 174 000 позитивни или нешто помалку од 7 отсто позитивни од тестираните

Шведска – 682 000 тестирани од 10 милиони жители – 76 877 позитивни или 11,5 отсто позитивни од тестираните

Белорусија – 1 163 000 тестирани од 9,5 милиони жители – 65 782 позитивни или 6 отсто од тестираните

Белгија – 1 429 000 тестирани од 11,6 милиони жители – 63 238 позитивни или 4,5 отсто позитивни од тестираните

Украина – 854 000 тестирани од 43,7 милиони жители – 57 264 позитивни или близу 7 отсто позитивни од тестираните

Холандија – 764 000 тестирани од 17 милиони жители – 51 351 позитивни или 7 отсто од тестираните

Португалија – 1 413 519 тестирани од 10 195 000 жители – 47 765 позитивни или 3,5 отсто од тестираните

Полска – 1 886 000 тестирани од 38 милиони жители – 39 407 позитивни или 2,7 отсто од тестираните

Романија – 925 000 тестирани од 19,3 милиони жители – 35 802 позитивни или близу 4 отсто од тестираните

Швајцарија – 715 487 тестирани од 8,7 милиони жители – 33 382 позитивни или околу 4,8 отсто од тестираните

Ирска – 532 062 тестирани од 4,9 милиони жители – 25 698 позитивни или 2,6 отсто позитивни од тестираните

Молдавија – 101 180 тестирани од 4 милиони жители – 20 264 позитивни или 2 отсто од тестираните

Србија – 525 000 тестирани од 8,7 милиони жители – 19 717 позитивни или близу 4 отсто од тестираните

Австрија – 734 413 тестирани од 9 милиони жители – 19 270 позитивни или близу 3 отсто од тестираните

Чешка – 610 642 тестирани од 10,7 милиони жители – 13 612 позитивни или 2,2 отсто од тестираните

Данска – 1,3 милиони тестирани од 5,8 милиони жители – 13 173 позитивни или 1 отсто од тестираните

Норвешка – 392 672 тестирани од 5,4 милиони жители – 9 015 позитивни или 2,3 отсто од тестираните

Македонија – 80 774 тестирани од 2 милион жители – 8 623 позитивни или близу 11 отсто од тестираните

Бугарија – 196 479 тестирани од 7 милиони жители – 8 144 позитивни или 4 отсто позитивни од тестираните

БиХ – 117 902 тестирани од 3,3 милиони жители – 7 908 позитивни или близу 7 отсто позитивни од тестираните

Финска – 300 400 тестирани од 5,5 милиони жители – 7 301 позитивни или околу 2 5, отсто позитивни од тестираните

Луксембург – 314 956 тестирани од 626 367 жители – 5 285 позитивни или 1,7 отсто позитивни од тестираните

Унгарија – 302 749 тестирани од 9.7 милиони жители – 4 293 позитивни или 1,4 отсто од тестираните

Хрватска – 100 810 тестирани од 4 милиони жители – 4 137 позитивни или 4,2 отсто од тестираните

Грција – 399 000 тестирани од 10 милиони жители – 3 939 позитивни или 1 отсто од тестираните

Албанија – 30 551 тестирани од 2,9 милиони жители – 3 906 позитивни или 13 отсто од тестираните

Естонија – 113 997 тестирани од 1,3 милиони жители – 2020 позитивни или 2 отсто од тестираните

Словачка – 237 634 тестирани од 5,5 милиони жители – 1 965 позитивни или помалку од 0,8 отсто позитивни од тестираните

Словенија – 120 397 тестирани од 2 милиони жители – 1 916 позитивни или 1,7 отсто позитивни од тестираните

Исланд – 106 883 тестирани од 341 339 жители – 1 916 позитивни или околу 1 ,9 отсто од тестираните

Литванија – 476 121 тестирани од 2,7 милиони жители – 1908 позитивни или 0,4 отсто од од тестираните

Црна Гора – 28 219 тестирани од 628 000 – 1965 позитивни или 7 отсто од тестираните

Латвија – 177 885 тестирани од 1,9 милиони жители – 1 185 позитивни или 0,8 отсто од тестираните

Кипар – 179 686 тестирани од 1,2 милиони жители – 1031 позитивни или 0,6 отсто од тестираните

Андора – 3 750 тестирани од 78 000 жители – 877 позитивни или 2,5 отсто

Малта – 111 555 тестирани од 442 000 жители – 674 позитивни или 0,6 отсто од тестираните