Молкот на СДСМ во врска со нивниот генерален секретар Зечевиќ и неговото адвокатско друштво е доволна потврда дека немаат аргументи со кои би се одбраниле, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Интегрално го објавуваме текстот од оваа прес-конференција:

Над 1.8 милиони денари адвокатското друштво на генералниот секретар на СДСМ има инкасирано од само 3 општини со коишто раководеле кадрите на СДСМ.

Граѓаните на Градот Скопје, скопјани, Пробиштип и Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ, по основ на паушали за адвокатура.

Молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат.

Зечевиќ по примерот на Калеска Ванчева, најисплатливо им било да бидат закачени на општински и јавните претпријатија преку паушали.

Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата.

Власта на СДСМ и луѓето во СДСМ единствено им е важна само за личен бенефит да се наместат на позициите. Не ни очекуваме да излезат во јавност и да дадат еден, ама само еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или пак зошто во претходните 5 институции коишто говоревме идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска Ванчева.

Тие веќе не ни имаат срам пред јавноста, после се она што виде јавноста изминативе години на кој начин се трошат буџетски, државните и народните пари.

Видеото од прес-конференцијата може да го погледнете ТУКА.