Димче АРСОВСКИ

Читам вести каде што СДСМ брифираат дека нивниот Стево ќе им даде мандат да преговараат, противуставно, за да врати што го направија претседател и впрочем на Стево воопшто не му е проблем ‘да излиже каде што плукнал’, како што ја продолжуваше вонредната состојба. Всушност ќе им даде само нови 20 дена на Заев да се обиде да си ја спаси кожата и нови 20 дена агонија и нови 20 дена за пишманење. Новите 20 дена се доказ дека немаат мнозинство и преговорите на СДСМ се во ќорсокак.
И да сумираме: Повторно ладен туш за Заев – мнозинство нема.
Тоа е сѐ што треба да знаеме за Заев и неговото мнозинство.