Гледам ме спомнала Богданка Кузеска на прес конференција на СДСМ дека ме немало никаде за тужбата. Бидејќи се интересираат, да им појаснам само, не е една, подготвувам тужби не кон еден, туку кон повеќе субјекти, па за да скратиме на обврски и време во однос на поднесување, решив најпрвин да ги подготвиме тужбите, па во вторник да ги поднесеме одеднаш, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно беше спомнат на денешната прес конференција од страна на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Гледам ме спомнала Кузеска на прес конференција на СДСМ дека ме немало никаде за тужбата. Да беа сериозна партија ќе беа сфатени цинично, ама вака се смешни. Бидејќи се интересираат, да им појаснам само, не е една, подготвувам тужби не кон еден, туку кон повеќе субјекти, па за да скратиме на обврски и време во однос на поднесување, решив најпрвин да ги подготвиме тужбите, па во вторник да ги поднесеме одеднаш. Се надевам подготвени се да докажат на суд, бидејќи во претходните случаеви не беа. Мојот резултат на тужби од лица на СДСМ кон мене е 0 изгубени. Сега ќе ја имам честа да го надополнам тој победнички резултат со добиени тужби кон нив, Ве уверувам, пишува Арсовски во својата реакција на Фејсбук.