Тренерот на Арсенал, Микел Артета, не е задоволен од резултатот на натпреварот од 8. коло во шампионатот на Англија против Кристал Палас (2:2).

– Добро го започнавме натпреварот, доминиравме и дејствувавме остро. Имавме многу моменти. По постигнатиот гол, ја загубивме смиреноста и контролата над играта. Второто полувреме го започнавме подобро, ја контролиравме играта повеќе, но направивме две грешки и примивме два гола. Замените играчи одиграа неверојатно, тимот не се откажа ниту секунда. Можевме да постигнеме уште повеќе. Разочаран сум од резултатот, загубивме два бода. Но, ремито е многу подобро од пораз, изјави Артета за Би-би-си.

По овој натпревар, Арсенал е 12. на табелата во Премиер лигата  со 11 бодови, Кристал Палас со осум бодови е на 14. место.