Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше прилично разочаран откако неговиот тим испадна од Лига Европа.

Тимот од Лондон сензационално загуби со 1:2 од Олимпијакос на домашен терен во реваншот, напуштајќи го со тоа вториот по ред европски турнир.

„Овој исход е навистина многу болен за нас. Имавме големи планови за овој турнир. Ние ја контролиравме ситуацијата на натпреварот, но промашувањата нè ставија во навистина тешка позиција и моравме да играме продолженија. Сепак, постигнувањето голови против ваква одбрана е тешка задача, но создадовме доволно шанси да победиме на овој натпревар во регуларното време. За жал, сепак, нашите грешки нè лишија од победа и ние отпаѓаме на лош начин, рече Артета на прес-конференција по натпреварот.