Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги повика талибанците „да почнат сериозни разговори“ со владата во Кабул по неколкудневните консултации во Доха меѓу бунтовниците и претставници на САД.
– Ги повикувам талибанците да демонстрираат авганистанска волја, да го прифатат барањето на Авганистанците за мир и да почнат сериозни преговори со авганистанската влада, нагласи тој во телевизиско обраќање од Кабул.
Авганистанските власти се жалат дека не биле поканети на дискусиите во Катар и предупредија дека какви било договори меѓу САД и талибанците ќе треба да одбијат одобрени од Кабул.
– Сакаме мир, сакаме тоа брзо да се случи, но го сакаме заедно со план, потенцира Гани.
Обраќањето му беше по вчерашната средба со американскиот специјален пратеник Залмај Халилзад кој пристигна од Доха по шестдневни преговори меѓу талибанците и претставници на САД. Двете страни тврдат дека постигнале „успех“.