Жестоки реакции се објавуваат на социјалните мрежи за тоа што деновиве се случува во Градиште на Охридското Езеро.

На Фејсбук Тоше Зафиров објави статус во кој објаснува што затекнал таму, пишува порталот Охрид 1 .

– За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некоја од плажите на Градиште треба да им платиш 200 денари небаре нивни е мостот. Покрај тоа нивниот арогантен однос е на највисоко ниво. Не носење на никаква заштитна опрема (маска, ракавици) со што го загрозуваат здравјето на посетителите. Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка. И ти ставаат печат на рака како на животно пред колење. Како на пример во Ибица – Шпанија ни на една плажа не се наплаќа влез, ниту пак паркинг за кола, затоа секогаш е преполно. Од каде ваква дрскост некој да ти го ограничи правото на движење, пишува во објавата Зафиров.

Натаму во објавата додава:

– Секоја чест на Градските плажи како: Парк, Кадмо, Голден … и многу други кои што нудат навистина професионален пристап, напиша Зафиров на Фејсбук.